БИ МОЖЕЛ ДА ЈА ДОБИЈАМ ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, НО НЕ САКАМ ДА УБИЈАМ 10 МИЛИОНИ ЛУЃЕ, ВЕЛИ ТРАМП

    БИ МОЖЕЛ ДА ЈА ДОБИЈАМ ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, НО НЕ САКАМ ДА УБИЈАМ 10 МИЛИОНИ ЛУЃЕ, ВЕЛИ ТРАМПТрамп го изнесе своето тврдење по средбата со пакистанскиот премиер Кан (Фото: Гети)

    Доналд Трамп тврди дека би можел да ја заврши војната во Авганистан за една недела, но во таква кампања би загинале 10 милиони луѓе, речиси една третина од популацијата на земјата. Тој го кажа ова по средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан.

    „Би можел да ја добијам таа војна за една недела, но не сакам да убијам десет милиони луѓе. Авганистан би можел да биде избришан од лицето на земјата и затоа не сакам да одам по тој пат. Но, имам план со кој би можела да се добие таа војна за краток период“, им кажа Трамп на новинарите.

    Инвазијата на Авганистан почна по нападите во Њујорк во 2001 година и тоа е најдолгиот воен конфликт во историјата на Пентагон. Иако Талибанците во повеќе наврати беа пред целосен пораз, тие секогаш успеваа да се прегрупираат и повторно да зајакнат, но и покрај тоа, администрацијата на Трамп не почна нови воени операции.

    Ваквите забелешки на Трамп ги загрижија аналитичарите дека тој можеби мисли на нуклеарна опција. Во 2017 година, тој ѝ нареди на војската да ја фрли најголемата ненуклеарна бомба во провинцијата Кандахар, наречена „мајка на сите бомби“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира