БИВШ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕРУ СЕ САМОУБИ ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ДОЈДЕ ДА ГО УАПСИ

    БИВШ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕРУ СЕ САМОУБИ ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ДОЈДЕ ДА ГО УАПСИГарсија беше обвинет дека земал мито од 30 милиони долари (Фото: Ројтерс)

    Бившиот претседател на Перу Алан Гарсија почина откако си пукаше во главата кога полицијата дошла во неговиот дом за да го уапси. Тој беше обвинет дека примил мито од една бразилска градежна компанија.

    Гарсија беше превезен во болница во Лима со прострелна рана во главата, каде што почина по неколку часа.

    „Кога пристигнала полицијата, Гарсија побарал да се јави на телефон, по што отишол во друга соба и ја затворил вратата. По неколку минути, оттаму се слушнал истрел и тој бил пронајден седнат во фотелја со прострелна рана на главата“, изјави министерот за внатрешни работи Карлос Моран.

    Гарсија беше претседател на Перу во два наврати, од 1985 до 1990 и повторно од 2006 до 2011 година. Тој беше обвинет дека во 2004 година примил мито од 30 милиони долари, но постојано тврдеше дека е жртва на политички прогон.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари