БИВШИОТ ПРЕМИЕР НА АВСТРАЛИЈА, СКОТ МОРИСОН, ПРИЗНА ДЕКА ВО ПАНДЕМИЈАТА ТАЈНО ВОДЕЛ ПЕТ МИНИСТЕРСТВА

    БИВШИОТ ПРЕМИЕР НА АВСТРАЛИЈА, СКОТ МОРИСОН, ПРИЗНА ДЕКА ВО ПАНДЕМИЈАТА ТАЈНО ВОДЕЛ ПЕТ МИНИСТЕРСТВАТројца од министрите не биле свесни дека ги делеле своите овластувања со Морисон (Фото: АП)

    Бившиот австралиски премиер Скот Морисон призна дека тајно се назначил за министер на пет клучни сектори за време на пандемијата на коронавирусот, сметајќи дека одговорноста за нацијата била целосно негова.

    Морисон, кој се повлече од лидерската позиција во Либералната партија по поразот на парламентарните избори во мај, се огласи додека актуелната лабуристичка влада и неговите сопартијци жестоко го напаѓаат за овој негов потег. Премиерот Ентони Албениз откри дека Морисон тајно ги водел министерствата за внатрешни работи, економија, здравство, финансии и за ресурси меѓу 2020 и 2021.

    Тројца од овие министри не биле свесни дека ги делеле своите овластувања со Морисон, кажа Албениз.

    Го управував бродот низ бура. Како премиер, само јас можев да ја разберам тежината на одговорноста што беше на моите плеќи и никој друг. Јас не ги презедов министерствата и не се замешав во работата на ниеден министер, освен во еден случај, кога одбив еден проект“, изјави Морисон.

    Тој кажа дека не ги информирал министрите за својата одлука зашто планирал да ги користи овластувањата само во итна состојба.

    Морисон, кој ги одби повиците да се повлече од федералниот парламент, тајно почнал да ги акумулира министерските улоги во 2020, кога ги презел здравството и финансиите, а во мај 2021 станал и министер за внатрешни работи и за економија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира