Американскиот легендарен пејач и поет Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература за „создавање нови поетски изрази во рамките на величествената американска традиција на песната“, објави денеска Нобеловиот комитет во Шведска. Дилан е првиот Американец што станал нобеловец за литература по Тони Морисон која ја доби наградата во 1993.
Веста што беше објавена во Стокхолм дојде како изненадување, иако Дилан, (75) често беше споменуван како можен кандидат, но неговото дело не се вклопува во традиционалните литературни канони за романи, поезија и куса проза какви што беа оние на досегашните добитници.
Нобеловата награда, една од најпрестижните и финансиски најдарежлива награда, носи и над 900.000 долари, а се дава животно дело а не за едно конкретно дело.