БОЛСОНАРО ВЕЌЕ НЕМА КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ ДЕКА СЕ ЛЕКУВАЛ СО ХИДРОКСИХЛОРОКИН

    БОЛСОНАРО ВЕЌЕ НЕМА КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ ДЕКА СЕ ЛЕКУВАЛ СО ХИДРОКСИХЛОРОКИНБолсонаро неколку пати бил виден надвор кога требало да биде во изолација (Фото: Гети)

    Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро објави дека веќе нема коронавирус откако неговиот последен тест бил негативен.

    Тој кажа дека во лекувањето му помогнал хидроксихлорокин, лек против маларија чија ефективност не е научно докажана кога е во прашање ковид-19.

    Болсонаро на 7 јули објави дека е заразен со коронавирус, а потоа уште трипати имаше позитивен тест. Изминатиот период тој го поминал во делумна изолација во претседателската резиденција, а своите обврски ги извршуваше преку видеоконференции, но во неколку наврати бил виден и надвор.

    По САД, Бразил е најтешко погодената држава на светот, со 2,3 милиони заразени, а 85.000 луѓе починале од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира