ОСОМНИЧЕНИОТ БОМБАШ ОД ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА СЕ САМОУБИ ВО ЗАТВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Лајпциг,(АП)

    ОСОМНИЧЕНИОТ БОМБАШ ОД ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА СЕ САМОУБИ ВО ЗАТВОР

    22-годишниот Сириец уапсен во источногерманскиот град Кемниц поради сомнеж дека планирал бомбашки напад, се самоуби во затворската келија во Лајпциг, соопшти доцна синоќа министерството за правда на Саксонија. Џабер Ал-Бакр се самоубил во текот на вечерта, но истрагата е сѐ уште во тек.

    Ова секако ќе го зголеми притисокот врз власта на Саксонија, која веќе беше критикувана поради тоа што Ал-Бакр во саботата успеа да избега од полицијата додека се спремаше рација на станот во кој тој живеел во Кемниц. Ал-Бакр, кој од минатиот месец бил под присмотра на германската разузнавачка служба,  успеал да избега, а полицијата во неговиот стан најде разорни експлозиви и самоделски бомбашки појас. Ал-Бакр, кој лани добил азил по доаѓањето во Германија, конечно беше уапсен во Лајпциг во понеделникот, откако тројца сириски бегалци го врзале и го предале во полицијата. Германските власти велат дека тој имал врски со Исламска држава и дека планирал напади на аеродромот во Берлин и тоа уште оваа недела.

    Тројцата Сиријци кои што го фатија добија азил, рече министерот за внатрешни работи Томас де Мезје, по барањата нивната апликација да биде брзо процесуирана поради нивниот хероизам. Министерот сепак рече дека нивното „однесување заслужува пофалба и потврда“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира