Конзервативците на досегашниот премиер Борис Џонсон ќе бидат убедливи победници на денешните парламентарни избори во Велика Британија, кои би можеле конечно да ја решат судбината на брегзит, покажуваат излезните анкети на Би-Би-Си, Ај-Ти-Ви и на „Скај њуз“.
Според нив, тие ќе освојат 368 пратенички места, дури 50 повеќе од претходните избори во 2017 година. Лабуристите треба да добијат 191, Либералните демократи 13, а партијата Брегзит ниту едно. Шкотската национална партија ќе има 55 пратеници.
Првите официјални резултати ќе бидат објавени после полноќ.
Ова беа трети парламентарни избори во Британија за период од пет години и први кои се одржаа во декември по речиси 100 години.