БОРИС ЏОНСОН УТРЕ СЕ ВРАЌА НА РАБОТА ОТКАКО ОЗДРАВЕЛ ОД КОВИД-19

    БОРИС ЏОНСОН УТРЕ СЕ ВРАЌА НА РАБОТА ОТКАКО ОЗДРАВЕЛ ОД КОВИД-19Џонсон помина една недела во болница и притоа три дена беше на интензивна нега (Фото: ПА)

    Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се врати на работа утре откако оздравел од коронавирусот, кажаа од владата.

    Џонсон претходно ќе има тричасовен состанок со министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој ги извршуваше неговите обврски додека тој беше отсутен. Педесет и петгодишниот Џонсон беше отпуштен од болница на 12 април и оттогаш се рехабилитираше во премиерската резиденција надвор од Лондон.

    Тој помина една недела во болницата „Сент Томас“ во Лондон и притоа три дена беше на интензивна нега откако му се влошиле симптомите на коронавирусот.

    „Џонсон е подготвен в понеделник да се врати во улицата Даунинг“, изјави извор од владата.

    Велика Британија вчера ја надмина границата од 20.000 починати од КОВИД-19 и иако експертите сметаат дека најлошото поминало, стапката на смртност уште некое време ќе расте. Бројката од 20.319 мртви ги вклучува само оние кои починале во болници, па затоа се верува дека таа е многу повисока.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира