БОРИСОВ ГО ОБВИНИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАДЕВ ДЕКА ГО СНИМАЛ СО ДРОН ОТКАКО СЕ ПОЈАВИЈА ФОТОГРАФИИ ОД НЕГОВАТА СПАЛНА СОБА

    БОРИСОВ ГО ОБВИНИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАДЕВ ДЕКА ГО СНИМАЛ СО ДРОН ОТКАКО СЕ ПОЈАВИЈА ФОТОГРАФИИ ОД НЕГОВАТА СПАЛНА СОБАЦелта е да ме уништат психички, а потоа и да ме нападнат физички, кажа Борисов (Фото: БГН)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги обвини своите политички противници дека го напаѓаат со компромитирачки материјали со цел да го спречат да спроведе два важни геостратешки проекта во јули: влез на земјата во банкарската унија и во еврозоната.

    Тој реагираше откако во бугарските медиуми се појавија фотографии од неговата спална соба, на кои се гледа како спие, но и пиштол. На денешната прес-конференција, Борисов го обвини претседателот Румен Радев за шпионажа.

    Фотографиите наводно се направени во резиденцијата на Борисов и прво беа објавени на сајтот „Афера“

    „Претседателот Радев си дозволи да крене дрон и да ме снима. Неверојатно! Кога ќе му кажам на моето обезбедување дека ќе го урнам дронот, тој го прибира. Го праќа на мојата тераса, неколку пати го прати и до влезот“, изјави Борисов.

    Фотографиите прво беа објавени на сајтот „Афера“ и според анонимниот автор, направени се во спалната соба на резиденцијата на Борисов. Јавното обвинителство најави дека ќе покрена истрага.

    „Целта е да ме уништат психички, а потоа и да ме нападнат физички. Загрижен сум, затоа што кога спијам, беспомошен сум. Од ова ќе извлечам многу поуки, дури и како да спијам. Можеле и гол да ме снимат“, кажа Борисов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира