БРАТ МУ НА ПРЕМИЕРОТ БОРИС ЏОНСОН ДАДЕ ОСТАВКА ОД МИНИСТЕР И ПРАТЕНИК

    БРАТ МУ НА ПРЕМИЕРОТ БОРИС ЏОНСОН ДАДЕ ОСТАВКА ОД МИНИСТЕР И ПРАТЕНИКЏо Џонсон даде оставка од пратеничката и министерската функција и рече дека е „раскинат меѓу семејната лојалност и државниот интерес“. (Фото: Ројтерс)

    Џо Џонсон, помладиот брат на британскиот премиер Борис Џонсон, даде оставка од пратеничката и министерската функција и рече дека е „раскинат меѓу семејната лојалност и државниот интерес“. Министерот за бизнис и пратеник на Конзервативната партија од Орпингтон во југоисточен Лондон, рече дека станува збор за „нерешлива тензија“ во неговата улога.

    Џонсон гласаше за останување во ЕУ на референдумот во 2016, додека брат му Борис ја предводеше кампањата за излегување. Даде оставка како министер лани, како протест поради договорот за брегзит на Тереза Меј. Но повтороно влезе во владата летово, откако членовите на Конзервативната партија го избраа брат му за лидер.

    Портпаролот на владата рече дека „премиерот сака да му се заблагодари на Џо Џинсон за неговата служба. Тој беше брилијантен, талентиран министер и фантастичен пратеник. Премиерот, и како политичар и како брат, разбира дека ова не било лесна работа за Џо“.

    Оставката на Џо доаѓа откако премиерот Борис Џонсон вчера доживеа двоен пораз во парламентот, кога пратениците го одбија неговиот предлог за предвремени избори. Претходно, пратениците усвоија закон за да се блокира излезот од ЕУ без договор ако премиерот не се договори за план со ЕУ пред крајниот рок за брегзит на 31 октомври.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари