БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСОНАРО ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСОНАРО ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСБолсонаро од почетокот на кризата потценувачки зборуваше за коронавирусот (Фото: Ројтерс)

    Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во телевизиско обраќање објави дека имал позитивен тест на коронавирус.

    „Мојот тест излезе позитивен“, кажа Болсонаро, при што носеше заштитна маска.

    Шеесет и петгодишниот Болсонаро досега цело време зборуваше потценувачки за коронавирусот, го исмеваше социјалното дистанцирање и ги повикуваше гувернерите и градоначалниците да ги олеснат мерките, иако Бразил е втората најпогодена држава на светот, зад САД, со над 1,6 милиони заразени и над 65.000 починати. Тој го нарекуваше ковид-19 „мал грип“, присуствуваше на јавни настани без заштитна маска и кажа дека без проблеми ќе заздрави ако некогаш се зарази.

    Болсонаро вчера по четврти пат беше тестиран откако развил симптоми, вклучувајќи покачена температура и постојана кашлица. Бразилските медиуми објавија дека во саботата почнал да чувствува замор откако ручал со американскиот амбасадор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира