БРИСЕЛ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА УКРАИНА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

    БРИСЕЛ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА УКРАИНА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУФон дер Лајен денеска се сретна со Зеленски во Киев (Фото: Твитер)

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави при посетата на Киев дека Брисел следната недела ќе одговори на украинското барање за членство во ЕУ.

    До крајот на следната недела ќе ја финализираме нашета проценка дали да ја препорачаме Украина за член на ЕУ“, кажа Фон дер Лајен по средбата со Володимир Зеленски.

    Тоа би бил само прв чекор во долгиот процес. Сите 27 земји-членки треба да го одобрат кандидатскиот статус на Украина, по што би следувале долги разговори за реформите што би се барале од Киев.

    Постигнавте многу во зајакнувањето на владеењето на правото, но треба да се спроведат уште многу реформи, како борбата против корупцијата“, кажа Фон дер Лајен.

    Според Зеленски, целата Европа е цел на Русија, а Украина е само првата фаза во агресијата.

    Токму затоа, позитивен одговор од ЕУ на украинската апликација би бил позитивен одговор на прашањето дали европскиот проект има иднина воопшто“, изјави Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира