БРИТАНИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ КОВИД МЕРКИ В ЧЕТВРТОК, ЗАРАЗЕНИТЕ ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА ОДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    БРИТАНИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ КОВИД МЕРКИ В ЧЕТВРТОК, ЗАРАЗЕНИТЕ ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА ОДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈАЏонсон кажа дека земјата отсега ќе се потпира на личната одговорност на секој поединец (Фото: АП)

    Сите преостанати ковид мерки ќе бидат укинати во Велика Британија в четврток, а на 1 април ќе запрат и масовните бесплатни тестирања, објави премиерот Борис Џонсон. Најавувајќи го планот на живеење со ковид-19, Џонсон кажа и дека од четврток, оние со позитивен тест веќе нема да имаат обврска да одат во самоизолација.

    „Од 1 април, бесплатното тестирање ќе биде наменето само за најранливите категории, првенствено според возраста“, изјави Џонсон.

    Тој додаде дека благодарение на напорите што беа преземени во изминатите две години, земјата сега е подготвена да се ослободи од владините рестрикции и да се потпре на личната одговорност на секој поединец.

    „Ковид-19 нема наеднаш да исчезне, па оние кои чекаат целосен крај на оваа војна пред да бидат укинати преостанатите рестрикции би ги ограничувале слободите на британскиот народ уште долго време. Оваа влада не смета дека тоа е неопходно и исправно“, изјави Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира