БРИТАНИЈА ГО АКТИВИРА ИЗЛЕЗОТ ОД ЕУ

    БРИТАНИЈА ГО АКТИВИРА ИЗЛЕЗОТ ОД ЕУПремиерката Тереза Меј денеска го потпиша писмото со кое го активира член 50 на Европскиот договор, за започнување на двегодишното одбројување до излезот на Британија од ЕУ (Фото: АП)

    Британија денеска официјално ќе поднесе барање за излез од Европската Унија, прекинувајќи ја 44 годишната врска, според одлуката на гласачите на референдумот пред девет месеци, со што започнува влез во непозната територија за обете страни. Премиерката Тереза Меј напладне ќе му соопшти на Парламентот дека го активирала член 50 на Европскиот договор, за започнување на двегодишното одбројување до излезот на Британија од ЕУ. Пред изјавата на Меј, претеставникот  на Британија во ЕУ Тим Бароу, лично ќе однесе писмо од Меј до претседателот на Советот на ЕУ во Брисел, Доналд Туск.

    Од кабинетот на Меј велат дека таа на изјавата ќе потенцира дека Британија тргнува на едно  „значајно патување“ и дека треба да се обединат за „глобална Британија“.

    „Јас сум силно решена да го направам најдоброто за секој граѓанин на оваа држава“, ќе изјави таа.

    Министерот за финансии  Филип Хамонд  рече дека брекзит беше „клучен момент за Британија“, но го негираше тоа дека државата скока во темница. Хамонд додаде дека е оптимистичен за креирањето на еден однос кој „би ја засилил Британија, но истовремено и ЕУ.“

    Британија и ЕУ имаат само две години за да ја одврзат мрежата на правила, регулации и договори, створена преку повеќе од 4 децении, откога Британија влезе во тогашната Европска економска заедница во 1973. Европските власти овие денови ќе издаваат инструкции за преговори, а лидерите на ЕУ– освен Меј – ќе се сретнат на 29 април за да изградат заеднички став.

    Британија вели дека таа не им го врти грбот на соседите и дека сака да останат пријатели. Меј тврди дека Британија ќе стане „посилна, пофер, пообединета, повеќе настроена кон надвор,“ и дека ќе развие „ново, длабоко и посебно партнерство со Европската Унија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира