На младите Британци ќе им бидат понудени попусти за храна и такси како стимулација да се вакцинираат, соопшти британската влада. Компании за достава на храна и такси компании како „Убер“, „Болт“, „Деливеру“ и „Пица Пилгримс“ ќе нудат попусти за да се охрабрат луѓето да се вакцинираат.
Министерството за здравство кажа дека наскоро ќе бидат соопштени детали и за други партнерства.
Во Англија, над 68 отсто од возрасната група од 18-29 години имаат примено прва доза од вакцината против ковид-19, а над 72 отсто од возрасните Британци имаат примено две дози.
Такси компанијата „Убер“ во август ќе им испрати потсетници на сите свои корисници да се вакцинираат и ќе нуди поевтин превоз и оброци преку платформата „Убер Итс“ за младите кои ќе се вакцинираат. Компанијата за достава на храна „Деливеру“ ќе им дава ваучери на младите кои ќе се вакцинираат.
Во Лондон викендов се одржува фестивал со жива музика и бесплатна храна и со пунктови за вакцинација,