БРИТАНИЈА ЈА БЛОКИРАШЕ ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА АСАНЖ ВО САД ЗАШТО ТАМУ БИ МОЖЕЛ ДА СЕ САМОУБИЕ

    БРИТАНИЈА ЈА БЛОКИРАШЕ ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА АСАНЖ ВО САД ЗАШТО ТАМУ БИ МОЖЕЛ ДА СЕ САМОУБИЕСАД го бараат Асанж поради објавувањето на илјадници доверливи документи и таму се соочува со 175 години затвор (Фото: ПА)

    Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж не може да биде екстрадиран во САД, објави лондонски суд. Судијата го блокираше барањето за екстрадиција поради грижите за менталните проблеми на Асанж и ризикот од самоубиство во САД.

    САД го бараат Асанж поради објавувањето на илјадници доверливи документи во 2010 и 2011 година, тврдејќи дека тој со тоа прекршил закон и загрозил голем број животи. Тој во САД се соочуваше со затворска казна од 175 години, додека Асанж тврди дека неговиот случај е политички мотивиран. Американските власти имаат 14 дена за поднесување жалба.

    Асанж ќе биде вратен во лондонскиот затвор Белмарш, а неговиот адвокат кажа дека в среда ќе поднесат барање за негово пуштање на слобода со кауција.

    Судијката Ванеса Бареитсер кажа дека САД не се способни да го спречат Асанж да си го одземе животот. Таа приложи докази дека Асанж се самоповредувал и имал самоубиствени мисли.

    „Општиот впечаток е дека тој е депресивен и понекогаш очаен човек кој стравува за својата иднина“, кажа таа.

    Откако беше избркан од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што живееше седум години, Асанж во мај 2019 беше осуден на 50 недели затвор поради прекршување на правилата за условна казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира