БРИТАНИЈА ЌЕ ГРАДИ ЧЕТИРИМЕТАРСКИ ЅИД ЗА ДА ГИ ЗАПРЕ БЕГАЛЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:38:"Лондон,(Индепендент)

    БРИТАНИЈА ЌЕ ГРАДИ ЧЕТИРИМЕТАРСКИ ЅИД ЗА ДА ГИ ЗАПРЕ БЕГАЛЦИТЕ

    Велика Британија ќе гради четириметарски ѕид во Кале за да ги запре бегалците да преминуваат каналот Ла Манш, соопшти британската влада.

    „Луѓето се уште успеваат да поминат. Направивме ограда, сега ќе направиме ѕид“, вели министерот за имиграција Роберт Гудвил.

    Четириметарскиот ѕид ќе се протега еден километар покрај патот што води до пристаништето во Кале на француската страна од каналот. Дизајниран е да ги спречи бегалците да се качуваат на камионите и другите возила во обид да влезат во Велика Британија.

    „Го подобрување обезбедувањето на пристаништето со подобра опрема. Ќе почнеме да го градиме овој нов голем ѕид набрзо, како дел од заедничкиот пакет од 17 милиони фунти со Франција“, додаде Гудвил.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари