БРИТАНИЈА ЌЕ ЈА УКИНЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА САМОИЗОЛАЦИЈА ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 ОТИ 85 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО Е ВАКЦИНИРАНО

    БРИТАНИЈА ЌЕ ЈА УКИНЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА САМОИЗОЛАЦИЈА ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 ОТИ 85 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО Е ВАКЦИНИРАНОВо Британија, 85% од луѓето на возраст од 12 години и нагоре примиле две дози вакцина, а речиси две третини примиле и трета доза. (Фото: АП)

    Болните од ковид-19 нема да бидат законски обврзани да се самоизолираат во Англија почнувајќи од наредната недела, објави британската влада, како дел од планот за „Живот со ковид“, со кој исто така веројатно ќе се намали и тестирањето за коронавирус. Во Британија, 85% од луѓето на возраст од 12 години и нагоре примиле две дози вакцина, а речиси две третини примиле и трета доза.

    Комбинацијата на високи стапки на вакцинација во земјата и поблагата варијанта на омикрон значи дека олеснувањето на ограничувањата не доведе до пораст на хоспитализации и смртни случаи. И двете паѓаат, иако Велика Британија сè уште има најголем број починати од коронавирус во Европа по Русија, со над 160.000 регистрирани смртни случаи.

    Премиерот Борис Џонсон рече дека ставањето крај на сите законски ограничувања донесени за да се спречи ширењето на вирусот ќе им овозможи на луѓето во земјата „да се заштитат себеси без ограничување на нашите слободи“. Се очекува тој утре во Парламентот да ги изложи деталите за планот.

    Но, некои од научните советници на владата рекоа дека тоа е ризичен потег што може да донесе пораст на инфекции и да ја ослабне одбраната на земјата од повирулентни идни соеви на ковид. Вес Стритинг, портпарол за здравство на главната опозициска Лабуристичка партија, денеска го обвини Џонсон дека „прогласил победа пред да заврши војната“.

    Конзервативната влада на Џонсон ги укина повеќето ограничувања во јануари, укинувајќи ги вакциналните пасоши за затворените простории и обврската за носење маски секаде освен во освен болниците во Англија. Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои поставуваат свои правила за јавно здравје, исто така се отворија, иако побавно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира