БРИТАНСКАТА ПРЕМИЕРКА МЕЈ НЕ ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА НА МИНИСТЕРОТ КОЈ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОТИ ЗАДОЦНИ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА

    БРИТАНСКАТА ПРЕМИЕРКА МЕЈ НЕ ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА НА МИНИСТЕРОТ КОЈ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОТИ ЗАДОЦНИ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊАМинистерот за меѓународен развој Мајкл Бејтс на денешната седница за пратенички прашања во Горниот дом на британскиот парламент.(Фото: принтсрин/Ај-Ти-Ви)

    Британската премиерка Тереза Меј одби да ја прифати оставката на министер од нејзината Конзервативна партија, кој денеска си поднесе оставка оти задоцни на седницата за пратенички прашања во Горниот дом на парламентот.

    Министерот за меѓународен развој Мајкл Бејтс претходно денеска си поднесе оставка бидејќи не беше присутен во салата кога требаше да одговори на прашање и потоа си замина, велејќи дека е длабоко засрамен поради тоа што не бил на неговото место за прашањето.

    Вечерва, портпаролот на Меј кажа дека премиерката нема да ја прифати оставката на Бејтс оти била непотребна.

    „Со типична искреност, Лордот Бејтс денеска ја понуди оставката откако го пропушти стартот на седницата за пратенички прашања, но неговата оставка беше одбиена бидејќи беше оценета како непотребна“, соопштија од кабинетот на Меј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира