БРИТАНЦИТЕ МАСОВНО АПЛИЦИРААТ ЗА ШВЕДСКО ДРЖАВЈАНСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:16:"Стокхолм

    БРИТАНЦИТЕ МАСОВНО АПЛИЦИРААТ ЗА ШВЕДСКО ДРЖАВЈАНСТВО

    Шведската Агенција за имиграција изјави дека Британци аплицираат за шведско државјанство за шест пати повеќе од нормалата, но се уште е премногу рано да се рече оти станува збор за тренд по референдумот за брегзит.

    Портпаролката на владината Агенција за миграции рече дека примиле рекорден број од 129 апликации, откако во четвртокот Британија изгласа да излезе од ЕУ. Како контраст, вели таа, нормалната бројка е околу 20 апликации неделно.

    Шведска е членка на ЕУ, но како и Британија, има своја валута. Портпаролката не сакаше да шпекулира поради што е зголемен бројот на апликации, но Гавин Мејкрофт, Британец кој 9 години живее во Шведска, изјави за Шведското радио дека „очигледна причина е дека сакам да останам во ЕУ и дека сакам да се осигурам оти ќе останам“.

    Претседателот на ЕУ Доналд Туск рече дека со одржувањето лидерски самит на ЕУ за иднината на блокот дури во септември ќе се избегнат избрзани реформи, откако Британија на референдум изгласа излез од блокот. Самитот ќе биде во Братислава, главниот град на Словачка, која тогаш ќе претседава со ЕУ. Британија нема да биде поканета. „Ќе ни требаат неколку недели за подготовки и можеби Братислава ќе биде најдобро место за самитот“, изјави Туск.

    Лидерите на земијите членки на ЕУ денеска се сретнаа во Брисел за првпат откако Британија изгласа да излезе од Европската унија, со што ја фрли во хаос британската и европската политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари