БРОЈКАТА НА ЗАГИНАТИ ПОРАСНА НА ШЕСТ ОТКАКО КАМИОН ВЛЕТА НА УЛИЧНА ЗАБАВА ВО ХОЛАНДИЈА

    БРОЈКАТА НА ЗАГИНАТИ ПОРАСНА НА ШЕСТ ОТКАКО КАМИОН ВЛЕТА НА УЛИЧНА ЗАБАВА ВО ХОЛАНДИЈАГолемиот камион излета од малиот селски пат и влета во собиранката. (Фото: Медиа-ТВ)

    Бројката на загинати во несреќата кога камион влета на улична забава во село јужно од Ротердам порасна на шест, а уште седум други лица се во болница, од кои едно е во критична состојба.

    Полицијата кажа дека возачот на камионот, 46-годишен Шпанец, е осомничен за несреќата, која што се случи во саботата наутро. Камионот излета од малиот селски пат и влета во собиранката.

    Портпаролката на полицијата Мирјам Боерс вели дека возачот не бил под дејство на алкохол во моментот кога се случила несреќата.

    „Истражуваме што се случило“, кажа таа.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира