БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИТАЛИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 73

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Аматриче,(АП)

    БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИТАЛИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 73

    Италијанската агенција за цивилна заштита соопшти дека бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,2 степени достигна 73, а има и стотици повредени и непознат број исчезнати.

    Шефот на агенцијата, Имаколата Постилјоне, ја објави бројката на денешниот брифинг, но истакна дека бројките се уште се провизорни. Агенцијата за цивилна заштита ги координира спасувачките напорти, во кои се вклучени стотиви тимови од Италија. Истовремено се поставуваат шатори во најтешко погодените градови за да се сместат луѓето кои останаа без своите домови.

    Загинатите се од Пескара дел Тронто, Аматриче и Амуколи во централниот дел на Италија.

    Земјотресот се случи во 3.36 часот утринава на околу 140 километри североисточно од Рим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира