БРОНЗЕНИ СКУЛПТУРИ НА ДАЛИ УКРАДЕНИ ОД ШВЕДСКА ГАЛЕРИЈА

    БРОНЗЕНИ СКУЛПТУРИ НА ДАЛИ УКРАДЕНИ ОД ШВЕДСКА ГАЛЕРИЈАСкулптурите се од Швајцарија и во галеријата требаше да бидат изложени до недела (Фото: АП)

    Шведската полиција соопшти дека најмалку двајца крадци украле предмети од уметничка галерија во Стокхолм, откако шведските медиуми објавија дека се украдени 10 до 12 бронзени скултури од шпанскиот уметник Салвадор Дали.
    Според полицијата, крадците вчера рано наутро го скршиле прозорецот на влезната врата на галеријата Кулер во централен Стокхолм, и засега не се уапсени осомничени лица.

    Секоја од скулптурите е вредна од 21 до 52 илјади долари, и се високи до 50 сентиметри. Скулптурите се од Швајцарија и во галеријата требаше да бидат изложени до недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира