БУГАРИЈА ЌЕ ПРАВИ СОПСТВЕНА ЦРНА ЛИСТА НА ПОЕДИНЦИ И КОМПАНИИ ПО АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ ЗА КОРУПЦИЈА

    БУГАРИЈА ЌЕ ПРАВИ СОПСТВЕНА ЦРНА ЛИСТА НА ПОЕДИНЦИ И КОМПАНИИ ПО АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ ЗА КОРУПЦИЈАБугарите лани секојдневно протестираа против сеприсутната корупција во земјата (Фото: Ројтерс)

    Бугарија ќе направи своја сопствена црна листа на поединци и компании поврзани со тројцата Бугари и 64-те субјекти на кои САД им изрекоа санкции поради корупција, со цел државата да нема никаква соработка со нив, објави привремената влада.

    Оваа недела, Америка ги замрзна средствата на поранешниот пратеник и медиумски могул Делјан Пеевски, владиниот функционер Илко Желјазков и на избеганиот коцкарски тајкун Васил Божков и им го блокираше пристапот до својот финансиски систем.

    Техничката влада, која ќе ја води земјата до вонредните избори на 11 јули, објави дека ќе формира посебна група која ќе идентификува поединци и компании поврзани со лицата кои се најдоа под американски санкции. Во оваа група ќе влезат експерти од министерствата за финансии и внатрешни работи, како и даночни службеници и разузнавачи.

    Државните служби и компании ќе мора да ги прекинат сите врски со оние што ќе се најдат на листата.

    „Државните структури и компании мора да ги запрат сите трансакции со луѓето кои се најдоа на црната листа на САД, како и со нивните соработници, инаку и самите ќе се најдат на таа листа“, изјави министерот за финансии Асен Василев.

    Мнозинството Бугари, кои лани секојдневно протестираа против сеприсутната корупција во земјата, ги поздравија американските санкции и веруваат дека тоа конечно ќе ја охрабри државата да почне акција против високата корупција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира