ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ВОЛОС, ПОПЛАВИ НА СКИЈАТОС, БУРАТА ДАНИЕЛ ЈА ЗАФАТИ ЦЕНТРАЛНА ГРЦИЈА

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ВОЛОС, ПОПЛАВИ НА СКИЈАТОС, БУРАТА ДАНИЕЛ ЈА ЗАФАТИ ЦЕНТРАЛНА ГРЦИЈАВо областа Пилион се излеаја реките, што поплави улици и однесе автомобили во морето (аматерска фотографија од Фејсбук)

    Поројни дождови ја погодија Грција по големите пожари, поплавувајќи домови и патишта, додека еден маж загина во Волос кога врз него паднал ѕид во невремето. Западниот и централниот дел на земјата се на ударот на бурата Даниел уште од понеделникот, при што пожарникарите имале речиси 700 итни повици за отстранување паднати дрвја и за превоз на луѓе на безбедно.

    Бурата почна неколку дена откако под контрола беше ставен големиот пожар во северниот регион Еврос, кој гореше цели две недели. Уште едно лице од Волос се води како исчезнато откако неговиот автомобил бил однесен од надојдените води.

    Неговиот син успеал да излезе од возилото, додека таткото бил однесен. Потрагата е во тек“, изјави портпаролот на противпожарната бригада од Волос, Јоанис Артопојос.

    Властите го ограничија сообраќајот поради поплави во пошироката област на Волос, соседниот планински регион Пилион и на островот Скијатос, што ќе биде на сила до ослабнувањето на бурата. Градоначалникот на островот побара да се прогласи вонредна состојба поради сериозноста на временскиот феномен, кој се карактеризира со грмежи и поројни дождови кои траат од утринските часови.

    Локалните медиуми известија за излевање на реките во Пилион, што поплави улици и однесе автомобили во морето. Властите испратија предупредувања до граѓаните и во неколку области во централна Грција и на островот Евија, порачувајќи им да го ограничат движењето надвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира