ЧЕШКА ГИ ЗАТВОРА СВОИТЕ ГРАНИЦИ НА 30 ДЕНА

    ЧЕШКА ГИ ЗАТВОРА СВОИТЕ ГРАНИЦИ НА 30 ДЕНАЧешка вчера прогласи 30-дневна вонредна состојба во земјата

    На 16 март на полноќ, Чешка ги затвора своите граници и стапува на сила целосна забрана за патување, објави премиерот Андреј Бабиш.

    Согласно новата ригорозна мерка против ширењето на коронавирусот, чешки државјани и странци кои имаат дозвола за престој од 90 дена нема да смеат да излезат од земјата. Во наредните 30 дена на странците ќе им биде забранет влез во земјата.

    „Воведуваме забрана за влез на сите странци во земјата, со исклучок на оние кои живеат во Чешка или имаат дозвола за престој од 90 дена. Ова е строга мерка, но суштинска за спречување на ширењето на коронавирусот“, изјави Бабиш.

    Оние кои работат на 50 километри од чешката граница ќе смеат да патуваат со посебна дозвола.

    Чешка вчера прогласи 30-дневна вонредна состојба, при што се забранети сите собири со повеќе од 30 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира