ЧЕШКА ПОВТОРНО ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ БРЗОТО ШИРЕЊЕ НА БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС

    ЧЕШКА ПОВТОРНО ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ БРЗОТО ШИРЕЊЕ НА БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСВо чешките болници се лекуваат 7.200 пациенти со ковид-19 (Фото: Гети)

    Чешка повторно прогласи вонредна состојба по последниот драматичен пораст на бројот на нови случаи на коронавирус, што се должи на ширењето на попреносливиот британски сој. Земјата исто така се ближи кон бројката од 20.000 починати од ковид-19 од почетокот на епидемијата.

    По неколку дена препукувања и заканите од претседателот Андреј Бабиш, чешките пратеници одобрија воведување вонредна состојба, што ќе трае до 28 март.

    „Ако не гласате, ќе ја заобиколам владата и сам ќе прогласам вонредна состојба. Новите мерки бараат вонредна состојба“, кажа Бабиш, кој претходно предупреди дека земјата ја очекува катастрофа.

    Министерот за внатрешни работи Јан Хармачек кажа дека слободата на движењето низ земјата ќе биде драстично ограничена. Од понеделник, луѓето ќе смеат да ја напуштат својата општина само од исклучителни причини.

    Чешка вчера регистрираше 14.457 нови случаи на зараза, а вкупниот број починати се искачи на 19.999.

    „Во наредните недели дневно ќе имаме повеќе од 20.000 нови случаи, а ако не преземеме мерки, ќе бидат и 35.000“, рече министерот за здравство Јан Блатни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира