ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА КАТОЛИЧКА МИСА ВО ФИЛИПИНИ

    ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА КАТОЛИЧКА МИСА ВО ФИЛИПИНИИнцидентот се случи во спортската сала на Универзитетот Минданао во Марави, најголемиот муслимански град во земјата. (Фото: Фејсбук)

    Четири луѓе загинаа во експлозија на католичка миса на југот на Филипини во неделата наутро. Инцидентот се случи во спортската сала на Универзитетот Минданао во Марави, најголемиот муслимански град во земјата.

    44 други претрпеа помали повреди, соопштија властите, додавајќи дека ситуацијата е под контрола.

    Во 2017 година, во Марави имаше петмесечни борби меѓу владините сили и милитанти поврзани со терористичката организација Исламска држава. Истите милитанти најверојатно се одговорни за денешниот напад, смета полицијата.

    Во петокот, 11 милитанти загинаа во судир со филипинската армија и полицијата верува дека денешниот бомбашки напад е некаква форма на одмазда.

    Експлозијата е најверојатно причинета од граната или импровизирана бомба, велат властите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира