ДА ЈА НАПРАВИМЕ ПОВТОРНО ВЕЛИКА НАШАТА ПЛАНЕТА, МУ ВРАТИ МАКРОН НА ТРАМП, КОЈ ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД КЛИМАТСКИОТ ДОГОВОР

    ДА ЈА НАПРАВИМЕ ПОВТОРНО ВЕЛИКА НАШАТА ПЛАНЕТА, МУ ВРАТИ МАКРОН НА ТРАМП, КОЈ ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД КЛИМАТСКИОТ ДОГОВОРЗборувајќи на француски и на англиски, Макрон ги повика научниците, инженерите, претприемачите и секој кој е разочаран од одлуката на Трамп да ја сметаат Франција за „втора татковина“ и ги повика да дојдат и таму да работат заедно

     

    Во телевизиско обраќање, претседателот на Франција Емануел Макрон отфрли каква било можност за нови преговори, откако вчера претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климатски промени. Макрон рече дека овој потег е грешка.

    Зборувајќи на француски и на англиски, Макрон ги повика научниците, инженерите, претприемачите и секој кој е разочаран од одлуката на Трамп да ја сметаат Франција за „втора татковина“ и додаде:

    „Ги повикувам да дојдат и да работат тука со нас“.

    „Парискиот договор останува непроменет и ќе се спроведе не само од Франција туку и од сите други земји. Ќе успееме оти сме целосно поссетени, оти каде и да живееме, кои и да сме, сите делиме иста одговорност: да ја направиме повторно велика нашата планета“, рече Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира