ДАНСКА ГИ ЗАТВОРА НОЌНИТЕ КЛУБОВИ И ПОРАНО ГИ ПРАЌА ДЕЦАТА НА РАСПУСТ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ДАНСКА ГИ ЗАТВОРА НОЌНИТЕ КЛУБОВИ И ПОРАНО ГИ ПРАЌА ДЕЦАТА НА РАСПУСТ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТПремиерката Фредериксен се надева дека ќе се избегнат поголеми затворања (Фото: Рицау)

    Данските деца ќе бидат пуштени на празничниот распуст уште на 15 декември поради новото големо ширење на коронавирусот, а од утре нема да работат ноќните клубови и други места за забава. Данската влада ги советува луѓето да работат од дома и да ги откажат божиќните забави.

    „Ова значи продолжен божиќен распуст за децата до 10. одделение. Иако воведуваме рестрикции, ова не е затворање. Верувам дека е можно големи делови од општеството да останат отворени“, изјави премиерката Мете Фредериксен.

    Исто така, се забрануваат концерти со повеќе од 50 посетители.

    Во септември, Данска ги укина сите преостанати коронамерки, но оваа есен бележи брз раст на бројот на заразени, што стигна до 6.000 нови случаи на ден. Во земјата досега се откриени 577 случаи на новиот сој омикрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира