ДЕЛ ОД ШПАНЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА ПО ДВЕ НЕДЕЛИ ЕКОНОМСКИ ЗАСТОЈ, И ДРУГИ ДРЖАВИ ГИ ОЛЕСНУВААТ МЕРКИТЕ

    ДЕЛ ОД ШПАНЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА ПО ДВЕ НЕДЕЛИ ЕКОНОМСКИ ЗАСТОЈ, И ДРУГИ ДРЖАВИ ГИ ОЛЕСНУВААТ МЕРКИТЕИако земјата полека се отвора, вонредната состојба и карантинот и натаму се на сила во Шпанија (Фото: Гети)

    Дел од компаниите во Шпанија од денеска продолжуваат со работа, додека земјата почнува да ги олеснува рестрикциите по двонеделно целосно затворање на сите несуштински активности.

    Во Шпанија имаше значителен пад на бројот на новозаразени и починати од КОВИД-19 во изминатите денови, но премиерот Педро Санчес предупреди дека земјата е далеку од победа.

    „Знам дека сите едвај чекаме да се вратиме на улиците, но имаме уште поголема желба да ја добиеме оваа војна и да го спречиме враќањето на заразата. Генералните ограничувања ќе останат на сила и во наредните две недели и надвор ќе можат да излегуваат само оние кои имаат дозвола да одат на работа“, кажа Санчес.

    Тие што се враќаат на работа ќе мора да се придржуваат до социјално дистанцирање и да носат маска во јавен превоз.

    „Вонредната состојба и карантинот и натаму се на сила, завршува само двонеделниот екстремен период на економска хибернација“, кажа Санчес.

    Од утре, повторно ќе почнат со работа и некои бизниси во Италија, а олеснувања на рестрикциите најавија и Австрија, Чешка, Данска и Норвешка.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира