ДЕЛ ОД ЗАКОНИТЕ НА ЕУ НЕ СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОЛСКИОТ УСТАВ, ПРЕСУДИ ВРХОВНИОТ СУД

    ДЕЛ ОД ЗАКОНИТЕ НА ЕУ НЕ СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОЛСКИОТ УСТАВ, ПРЕСУДИ ВРХОВНИОТ СУДПолскиот премиер Моравјецки смета дека Брисел нема право да се меша во судските системи на членките на ЕУ (Фото: ЕПА)

    Делови од законодавството на Европската Унија не се компатибилни со уставот на Полска, пресуди највисокиот суд во земјата, најавувајќи можна правна борба со ЕУ.

    „Обидот на Европскиот суд на правдата да се меша во правните механизми на Полска ги прекршува правилата кои им даваат предност на уставот и почитувањето на суверенитетот во европската интеграција“, соопшти судот.

    Европската комисија ги користеше европските договори за да го оправда своето право да го доведува во прашање владеењето на правото во Полска. Така Европскиот суд на правдата заклучи дека новиот начин на избор на судиите на Врховниот суд на Полска ги прекршува правилата на ЕУ, со што во теорија би можел да укине делови од контроверзните судски реформи.

    Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го покрена случајот во март, сметајќи дека Брисел нема право да се меша во судските системи на членките на Унијата. Додека ја обвинуваат дека ги политизира судовите, владата негира дека има влијание врз судските одлуки.

    Ова би можело дополнително да ги заостри тензиите на релацијата Полска-Брисел, кој сè уште не ѝ ја одобрил помошта од 57 милијарди евра од фондот за заздравување од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира