ДЕМОКРАТИТЕ БАРААТ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈОТ НА МИЛЕР ЗА ВРСКИТЕ НА ТРАМП СО РУСИЈА

    ДЕМОКРАТИТЕ БАРААТ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈОТ НА МИЛЕР ЗА ВРСКИТЕ НА ТРАМП СО РУСИЈАСпецијалниот обвинител Роберт Милер во петокот го предаде извештајот од двегодишната истрага за врската на изборната кампања на Доналд Трамп со Русија. (Фото: АП)

    Демократите притискаат целосно да се објави извештајот на специјалниот обвинител Роберт Милер за истрагата за врските на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија и најавија дека ќе ги искористат сите правни средства ако е потребно да го добијат тоа. Министерот за правда Вилијам Бар се очекува денеска да ги објави главните поенти од наодите на Милер. Откако го доби во петокот, Бар одлучува колку од извештајот ќе можат да видат Конгресот и јавноста.

    Демократите се сомневаат дека е можно да бидат изоставени важни информации.

    „Се сомневам дека ветувањата за транспарентност ќе испаднат празни, дека тие ќе се борат Конгресот да ги добие доказите“, вели Адам Шиф, претседателот на Комитетот за разузнавање во Претставничкот дом.

    Неговиот план е ако не ги добие информациите што ги бара да повика луѓе да сведочат пред неговиот комитет и да поднесе тужба во суд ако е потребно.

    Трамп, кој престојува во неговиот голф клуб во Флорида, имаше дводневна пауза на Твитер, по што утринава твитна: „Добро утро, имајте убав ден! Да ја направиме Америка голема пак!“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира