ДЕМОКРАТИТЕ ЌЕ ЈА ЗАДРЖАТ КОНТРОЛАТА ВРЗ СЕНАТОТ ПО ИЗБОРНАТА ПОБЕДА ВО НЕВАДА

    ДЕМОКРАТИТЕ ЌЕ ЈА ЗАДРЖАТ КОНТРОЛАТА ВРЗ СЕНАТОТ ПО ИЗБОРНАТА ПОБЕДА ВО НЕВАДАВо Невада сенаторката Кетрин Кортез Масто го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, кој беше поддржан од експретседателот Доналд Трамп. (Фото: АП)

    Демократите ќе ја задржат мнозинската контрола на американскиот Сенат откако победија во клучната изборна трка во државата Невада. Сенаторката Кетрин Кортез Масто го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, кој беше поддржан од поранешниот претседател Доналд Трамп.

    Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е неверојатно задоволен и дека е време републиканците да одлучат „кои се“.

    Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека резултатите покажале оти американскиот народ ја отфрлил, како што ја нарече, „насилната реторика“ на Републиканската партија.
    Демократите сега ќе имаат 50 места во Сенатот, а републиканците во моментов имаат 49.Преостанатото место, од Џорџија, оди во вториот круг во декември. Во случај Сенатот да биде подеднакво поделен меѓу двете партии, одлучувачки глас има потпретседателката Камала Харис.

    Републиканците сè уште би можеле да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом на САД, бидејќи гласовите продолжуваат да се бројат од неколку области по изборите во вторникот. Ако републиканците победат во Претставничкиот дом, тие сепак би можеле да спречат голем дел од агендата на Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира