ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ПАРИЗ, МАКРОН ВЕЛИ ФРАНЦИЈА НЕМА ДА БИДЕ НОВА УНГАРИЈА

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ПАРИЗ, МАКРОН ВЕЛИ ФРАНЦИЈА НЕМА ДА БИДЕ НОВА УНГАРИЈАМакрон вчера рече дека „Франција нема да стане нова Унгарија“ по критиките дека новите закони за безбедност ќе ги ограничат граѓанските слободи. (Фото: Ројрерс)

    Десетици демонстранти со качулки лансираа проектили кон полицијата, разбија излози, запалија автомобили и палеа барикади на демонстрациите во Париз против полициското насилство. Полицијата возврати со солзавец.

    Илјадници луѓе почнаа со мирно марширање во Париз, кога избувнаа судирите меѓу полицијата и делови од демонстрантите, повеќето облечени во црно и со покриени лица. Некои со чекани ги разбиваа плочниците.

    Демонстрантите ја осудуваат полициската бруталност и плановите за безбедносна политика на претседателот Емануел Макрон, за кои демонстрантите велат дека ќе ги ограничат граѓанските слободи. Тие мавтаа со транспаренти на кои пишуваше „Франција, земја на полициските права“ и „Повлекување на Законот за безбедност“.

    Макрон вчера рече дека „Франција нема да стане нова Унгарија“, одговарајќи на критиките дека со овој нов закон земјата забегува во илиберална демократија.

    Франција е погодена од бран улични протести откако владата во Парламентот поднесе Предлог-закон за безбедност со кој требаше да се зголемат владините алатки за надзор и да се ограничат правата за циркулирање слики на полицајци во медиумите и на Интернет. Предлог-законот е дел од настојувањето на Макрон да се заостри законот и редот пред изборите во 2022. Неговата влада исто така рече дека полицијата треба да биде подобро заштитена од омраза на Интернет. Но, предлог-законот предизвика жестока реакција во јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира