ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРОТИВ ВУЧИЌ ВО БЕЛГРАД ВЛЕГОА ВО ДРЖАВНАТА РТС, БАРАА ДА СЕ ПОЈАВАТ ВО ВЕСТИТЕ

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРОТИВ ВУЧИЌ ВО БЕЛГРАД ВЛЕГОА ВО ДРЖАВНАТА РТС, БАРАА ДА СЕ ПОЈАВАТ ВО ВЕСТИТЕДемонстрантите предводени од Драган Ѓилас лидер на опозициската партија Сојуз за Србија протестот низ улиците во Белград се упатија кон зградата на РТС и бараа да бидат гости во дневникот во 20 часот.

    Дел од антивладините демонстранти на вечерашниот протест во Белград „1 од 5 милиони“ влегоа во зградата на националната РТС.

    Демонстрантите предводени од Драган Ѓилас лидер на опозициската партија Сојуз за Србија, по протестот низ улиците во Белград се упатија кон зградата на РТС и бараа да бидат гости во Дневникот во 20 часот.

    По влезот на демонстрантите веднаш пристигна полиција која бара да ја напуштат зградата.

    Стотина демонстаранти уште се во зградата и најавуваат дека нема да заминат.

    Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ ги повика веднаш да ја напуштат зградата и се закани дека граѓаните ќе бидат исфрлени со сила.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира