ДЕСЕТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ ОТКАКО СЕ ЗАПАЛИ БРОД ВО КАЛИФОРНИЈА, ИМА МРТВИ

    ДЕСЕТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ ОТКАКО СЕ ЗАПАЛИ БРОД ВО КАЛИФОРНИЈА, ИМА МРТВИСе трага по 34 луѓе кои спиеле под палубата на бродот кој служел за комерцијално нуркање (Фото: АП)

    Неколку луѓе загинаа и се трага по уште 34-ца откако се запали брод покрај брегот на јужна Калифорнија.

    Шефот на пожарникарскиот оддел на областа Вентура Брајан Мекграт потврди дека има мртви, но не можеше да ја соопшти точната бројка.

    Петмина членови на екипажот на 20-метарскиот брод за комерцијално нуркање се спасени, но засега нема никаков контакт со 34 луѓе кои спиеле под палубата.

    Во големата спасувачка операција покрај островот Санта Круз, 140 километри од Лос Анџелес, учествуваат хеликоптери, мали бродови и чамци.

    „Тоа е голем брод и не знаеме точно колку луѓе имало на него. Има жртви, но немаме точни бројки засега“, изјави портпаролот на областа Вентура Бил Неш.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари