ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО РУСКИОТ ГРАД КЕМЕРОВО

    ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО РУСКИОТ ГРАД КЕМЕРОВОПовеќето од жртвите биле во кино-сала, каде што се урнал покривот (Фото: Ројтерс)

    Десетици луѓе загинаа, меѓу нив и деца, во пожарот што се прошири низ трговски центар во рускиот град Кемерово во Сибир.

    Властите потврдија дека има најмалку 37 мртви, но уште десетици луѓе се водат како исчезнати.

    Огнот избувнал на долен спрат од комплексот „Зимска цреша“ и потоа зафатил површина од 1.500 квадратни метри. Повеќето од жртвите во тој момент биле во кино.

    Причината за пожарот засега не е позната и властите најавија истрага.

    Комплексот бил отворен во 2013 година и содржи кино-сали, ресторани, сауна, кугларница и зоолошка градина за деца.

    „Според првичните информации, се урнал покривот на двете кина. Моментално се одвиваат големи потрага и спасувачка операција. Ова е многу комплексен објект, кој има доста запаливи материјали“, изјави Евгени Дедјухин, заменик-шефот на одделот за кризни ситуации на Кемерово.

    Заменик-гувернерот Владимир Чернов изјави дека 13 тела се пронајдени во една од кино-салите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира