ДЕВЕТ НОВИ ЧЛЕНКИ ЌЕ ЈА ЧИНАТ ЕУ 256 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ДЕВЕТ НОВИ ЧЛЕНКИ ЌЕ ЈА ЧИНАТ ЕУ 256 МИЛИЈАРДИ ЕВРАСедиштето на Мисијата на ЕУ во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Проширувањето на ЕУ со девет нови земји ќе ги чини постоечките земји членки 256 милијарди евра, покажаа интерни пресметки до кои дојде „Фајненшл Тајмс“. Како последица на тоа, многу земји членки кои досега примале пари ќе треба да уплаќаат пари во буџетот на ЕУ.

    „Сите земји членки ќе треба да плаќаат повеќе и да примаат помалку пари од буџетот на ЕУ. Многу земји членки кои во моментов примаат пари ќе треба да уплаќаат“, се вели во документ на секретаријатот на Советот на ЕУ.

    Украина, која е убедливо најголема земја меѓу кандидатите, ќе треба да добие 186 милијарди евра во првите седум години по зачленувањето.

    Проширувањето стана една од најважните теми за ЕУ, и ќе се зборува за тоа в петок кога лидерите на 51 европска земја ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на состанок на Европската политичка заедница.

    Минатиот месец, претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел кажа дека до 2030 година ЕУ ќе биде спремна да прими нови членки. Меѓу кандидатите за членство е и Македонија, заедно со останатите земји од Западен Балкан. На членство во ЕУ се надева и Молдавија.

    Според актуелната финансиска формула, Чешка, Естонија, Литванија, Словенија, Кипар и Летонија веќе нема да добиваат пари од фондот за кохезија, по проширувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира