ДЕВЕТМИНА ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА ВО НЕВРЕМЕ НА ХИМАЛАИ, МЕЃУ НИВ И РЕКОРДЕР ВО НАЈБРЗО ИСКАЧУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИТЕ ВРВОВИ

    ДЕВЕТМИНА ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА ВО НЕВРЕМЕ НА ХИМАЛАИ, МЕЃУ НИВ И РЕКОРДЕР ВО НАЈБРЗО ИСКАЧУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИТЕ ВРВОВИПланинарите од Јужна Кореја и локалните водичи загинале на врвот Гурџа, што ретко се искачува

    Најмалку седуммина планинари загинале и двајца се водат како исчезнати, откако силно невреме го уништи нивниот камп на Хималаи.

    Во моментот кога почнало невремето, во базниот камп на врвот Гурџа биле петмина планинари од Јужна Кореја и четворица локални водичи. Спасувачките екипи потврдија дека се видени седум тела во урнатиот камп, но тие не можеле да останат подолго поради лошите временски услови. Двајца планинари допрва треба да бидат пронајдени, но се стравува дека и тие се мртви.

    „Инцидентот се случи при силно снежно невреме. Еден хеликоптер се обиде да се спушти, но се откажа“, изјави портпаролот на локалната полиција.

    Потврдено е дека меѓу загинатите е и Ким Чанг-Хо, кој најбро успеа да ги искачи највисоките 14 врвови на светот без користење дополнителен кислород.

    „Кампот е целосно уништен. Видовме тела расфрлани наоколу“, рекоа од полицијата.

    Гурџа е врв што ретко се искачува и според официјалните податоци, никој не стапнал горе од 1996 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира