ЏОНСОН НАЈАВИ ИЗБОРИ ЗА ДЕКЕМВРИ, А ЕВРОПСКАТА УНИЈА НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ НА БРЕГЗИТ

    ЏОНСОН НАЈАВИ ИЗБОРИ ЗА ДЕКЕМВРИ, А ЕВРОПСКАТА УНИЈА НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ НА БРЕГЗИТЏонсон побара од Лабуристите да поддржат план за нови избори, за што ќе се гласа следната недела (Фото: Ројтерс)

    Борис Џонсон најави парламентарни избори за 12 декември, откако стана јасно дека Велика Британија утре ќе добие ново одложување на брегзит.

    Тој изјави дека очекува Европската Унија да одобри спроведување на брегзит после крајниот рок на 31 октомври, иако „навистина не сакал такво нешто“. Џонсон побара од Лабуристите да поддржат план за нови избори, за што ќе се гласа следната недела.

    Европската Унија утре ќе ја соопшти одлуката за одложување на брегзит, за што веќе имаше позитивни сигнали од Брисел. Ако брегзит биде одложен до крајот на ноември, тогаш Џонсон уште еднаш ќе се обиде да добие поддршка за својот договор во парламентот. Доколку одложувањето биде до крајот на јануари, Џонсон ќе побара избори на 12 декември.

    Повеќето членки на ЕУ се согласуваат со одложувањето на брегзит, но претседателот на Франција Емануел Макрон смета дека тоа ќе доведе до уште поголема неодлучност или до избори, кои исто така нема ништо да решат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира