ДРОН ВЛЕГОЛ ВО ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА БУГАРИЈА И ЕКСПЛОДИРАЛ БЛИЗУ ГРАНИЦАТА СО РОМАНИЈА

    ДРОН ВЛЕГОЛ ВО ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА БУГАРИЈА И ЕКСПЛОДИРАЛ БЛИЗУ ГРАНИЦАТА СО РОМАНИЈАПремиерот Радев кажа дека се испитува потеклото на дронот (Фото: ДПА)

    Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.

    „Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница“, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија.

    Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета.

    „Тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот“, рече Радев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира