ДРЖИМЕ НА НИШАН 52 ИРАНСКИ ЦЕЛИ, ТРАМП СЕ ЗАКАНИ НА ТВИТЕР

    ДРЖИМЕ НА НИШАН 52 ИРАНСКИ ЦЕЛИ, ТРАМП СЕ ЗАКАНИ НА ТВИТЕР„Ние сме најголеми и најдобри во светот“, му се закани Трамп на Иран. (Фото: ЕПА - архивска фотографија)

    Американскиот претседател Доналд Трамп со три твитер пораки му се закани на Иран со воена акција.

    „Држиме на нишан 52 ирански цели (што ги претставуваат 52 заложници задржани од Иран пред многу години), некои многу важни за Иран и иранската култура и ако Иран нападне Американци или американски добра… Иран ќе биде нападнат многу брзо и многу силно“, твитна Трамп.

    „Ние сме најголеми и најдобри во светот! Ако Иран нападне американска база или биде нападнат кој било Американец, ние без двоумење ќе им испратиме од нашите најнови прекрасни оружја. Ако нè нападнат повторно, а тоа не им го препорачувам, ќе ги нападнеме толку силно како што никогаш досега не биле нападнати“, се закани американскиот претседател на Твитер.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира