ДВА АВИОНА СЕ СУДРИЈА НА АЕРОДРОМОТ ВО ТОРОНТО, ПАТНИЦИТЕ ИТНО ЕВАКУИРАНИ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ДВА АВИОНА СЕ СУДРИЈА НА АЕРОДРОМОТ ВО ТОРОНТО, ПАТНИЦИТЕ ИТНО ЕВАКУИРАНИ, НЕМА ПОВРЕДЕНИБидејќи авионот се запалил, била наредена итна евакуација на над 170 патници и членови на екипажот

    Патници беа принудно евакуирани низ излезите за итни случаи на големиот студ во петокот вечер, откако два авиона се судрија на пистата на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто.

    Официјални лица соопштија дека нема повредени.

    Авион со 168 патници и шест членови на екипажот слетувал на доаѓањето од Канкун, Мексико, кога се судрил со летало на домашната компанија „Санвинг“, кое во тој момент се повлекувало од пистата.

    Видео-снимките покажаа пламен на еден од авионите, додека патниците можат да се чујат како врескаат. Откако за несреќата била известена контролната кула, пилотот наредил итна евакуација на патниците од авионот.

    Тие биле спуштени од авионот со лизгање и превезени до терминалот, каде што било утврдено дека нема повредени.

    Од „Санвинг“ соопштија дека во нивниот авион немало патници, ни членови на екипажот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари