ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ВОЗ ВО ГЕРМАНИЈА

    ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ВОЗ ВО ГЕРМАНИЈАНападот се случи пред возот да пристигне на железничката станица во Брокштед (Фото. ДПА)

    Две лица се убиени со нож откако маж нападна патници во воз во северна Германија.

    Министерката за внатрешни работи на покраината Шлесвиг-Холштајн, Сабине Зитерлин-Вак, изјави дека нападот се случил пред возот да пристигне на железничката станица во Брокштед. Возот патувал на релацијата Кил-Хамбург.

    Мотивот на нападот во кој се повредени уште пет лица не е познат. Напаѓачот е уапсен.

    Брокштед е мала заедница што се наоѓа 60 километри северно од Хамбург.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира