ДВЕ ДЕЦА ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО АВТОМОБИЛ ВО КИПАР, ТАТКОТО И МАЌЕАТА ГИ ОСТАВИЛЕ ДА СПИЈАТ

    ДВЕ ДЕЦА ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО АВТОМОБИЛ ВО КИПАР, ТАТКОТО И МАЌЕАТА ГИ ОСТАВИЛЕ ДА СПИЈАТПолицијата ги уапсила таткото и маќеата на децата под сомнение за небрежност (Фото: АП)

    Две момчиња на возраст од осум и десет години се пронајдени мртви во автомобил во Кипар откако наводно биле оставени таму да спијат, соопшти полицијата. Возилото било оставено заклучено во поле близу станбена област во британската база во Декелија.

    Лекарските тимови соопштија дека момчињата претрпеле сериозни последици од изложеност на топлина, вклучувајќи изгореници и екстремна вкочанетост на мускулите.

    Полицијата од британските бази ги уапсила таткото и маќеата на децата под сомнение за небрежност. Властите ги истражуваат околностите околу смртта на децата, кои биле со бугарско потекло.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира