ЕДЕН МЕСЕЦ ПРИТВОР ЗА ХОРВАТ, ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР ГО РАЗРЕШИ ОД МИНИСТЕР

    ЕДЕН МЕСЕЦ ПРИТВОР ЗА ХОРВАТ, ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР ГО РАЗРЕШИ ОД МИНИСТЕРПремиерот Јосип Пленковиќ претходно го разреши Хорват на негово барање. (Фото: ХИНА)

    Истражниот судија во Загреб денеска на разрешениот хрватски министер за транспорт Дарко Хорват му определи притвор од еден месец, поради сомневање дека незаконски распределил субвенции од повеќе милиони евра во 2018 заедно со неговиот тогашен помошник, по поттик на четворица соосомничени. Премиерот Андреј Пленковиќ претходно го разреши Хорват на негово барање.

    Инспекторите ја истражуваат улогата на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац. Обвинителството се сомнева дека по барање на Јосип Римац таа организирала поддршка за занаетчии од Министерството за економија во времето кога го водеше Хорват. Заедно со Хорват, под истрага се и поранешните министри Томислав Толушиќ и Борис Милошевиќ. Според досегашните информации, тие се осомничени дека барале вработување преку врски и за доделување субвенции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира