ЕДЕН ПОЧИНАТ И 99 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ВО ГРЦИЈА

    ЕДЕН ПОЧИНАТ И 99 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ВО ГРЦИЈАЗаразениот маж починал во болницата во Патра (Фото: Екатимерини)

    Грција го потврди првиот смртен случај од коронавирусот.

    Министерството за здравство објави дека станува збор за 66-годишник, кој се заразил за време на патувањето во Израел и Египет минатиот месец. Тој починал во болницата во Патра, околу 200 километри западно од Атина.

    Бројката заразени во Грција порасна на 99, од кои само двајца се наоѓаат на интензивна нега. Четворица од заразените се странски државјани.

    Од почнувањето на заразата, на светско ниво починале 4.634 луѓе од КОВИД-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира