ЕДЕН ЗАГИНАТ И 12 ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕСТРЕЛКА НА ЗАБАВА ВО ОКЛАХОМА

    ЕДЕН ЗАГИНАТ И 12 ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕСТРЕЛКА НА ЗАБАВА ВО ОКЛАХОМАДве групи влегле во „вербална расправија“ во центарот за настани, а тепачката се случила на паркинг, каде што се пукало (Фото: Си-Ен-Ен)

    Едно лице загина, а најмалку 12 се повредени во престрелка на забава во Оклахома Сити во САД денеска рано наутро по локално време, соопшти полицијата.

    Две групи влегле во „вербална расправија“ во центарот околу 12:30 часот по локално време, а тепачката се случила на паркинг, каде што се пукало.

    „Луѓето потоа се вратија во центарот за настани каде што пукањето продолжи“, рече полицијата, додавајќи дека истражителите веруваат оти ова е изолиран инцидент.

    Полицијата рече дека се приведени оние што пукале, но уште не утврдено што довело до тепачката или колку луѓе пукале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира