ЕДИНСТВЕНАТА АНТИВОЕНА ПАРТИЈА ВО РУСИЈА ДОБИ ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ

    ЕДИНСТВЕНАТА АНТИВОЕНА ПАРТИЈА ВО РУСИЈА ДОБИ ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИСтотици луѓе, претежно млади, стоеја пред судот во Москва во знак на поддршка за Јаблоко (Фото: Гети)

    Рускиот врховен суд ѝ забрани на едниствената либерална, антивоена партија да учествува на парламентарните избори во Русија следниот месец. Јаблоко е единствената регистрирана партија во Русија која се противи на војната против Украина.

    Пресудата уследи по тужба од малата националистичка партија Родина, која ја обвини Јаблоко за странско финансирање, кршење на законот за авторски права и за промовирање екстремизам.

    Стотици луѓе, претежно млади, стоеја пред судот во Москва каде што се одржуваше сослушувањето, пеејќи песни и мавтајќи со знамиња во знак на поддршка за Јаблоко.

    Родина ја обвини Јаблоко за јавно поддржување на екстремистичка организација преку објавување материјал за меѓународното ЛГБТ движење на својата веб-страница, како и за повреда на авторски права, откако висок член на партијата во едно интервју го цитирал текстот на песна од советската ера.

    Во јули, Централната изборна комисија ја потврди листата кандидати на Јаблоко, која јавно се залага за прекин на огнот, дипломатија и мир и „Русија да биде ослободена од страв и политичка репресија“.

    Од почетокот на целосната инвазија врз Украина, секое преостанато противење на Кремљ беше задушено. Јавните искажувања на несогласување се потиснати со закони за цензура во време на војна и можат да доведат до високи парични казни или долги затворски казни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира